Јаде () — општина во округот Везермарш, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се наоѓа на истоимената река, околу 23 километри северно од Олденбург и 50 километри северозападно од Бремен.

Географија Местоположба

Општината Јаде е најзападната општина во округот Везермарш. Се наоѓа 25 километри северно од Олденбург и околу 30 километри јужно од Вилхелмсхафен. Окружниот град Браке е оддалечен 20 километри. Се граничи 12 километри во должина со Јадскиот Залив. Малата река Вапел се влива кај Јаде во реката Јаде, која поминува низ општината и го носи нејзиното име.

Соседни општини

Општината се граничи на север со Јадскиот Залив, на североисток со општината Штадланд и на југоисток со општината Овелгене. Обете општини припаѓаат на истиот округ како Јаде, округот Везермарш. На запад се граничи со општината Раштеде од округот Амерланд и на северозапад се граничи со градот Фарел во округот Фризија.

Општински единици

Општината Јаде се состои од следниве места:

Јадерберг (околу 3.200 жители) Швајбург (околу 750 жители) Јаде (околу 360 жители) Менцхаузен (околу 335 жители) Дикмансхаузен (околу 290 жители)

Административното седиште на општината е во Јаде.

Покрај овие места, постојат и имотите Ахтермер, Боленхаген, Јадераусендајх, Кројцмор, Нордершвајбург, Зеештет, Аугустхаузен, Ренелмор, Вапелерзил и Вапелергроден.

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Везермарш Категорија:Општини во Долна Саксонија