мини|Српското царство во 1360 година. Радослав Хлапен (14 в.) – благородник, војсководец на Стефан Душан, самостоен владетел во Југозападна Македонија, господар на Бер и на Воден со околните краеви. Се издигнал и се осамостоил по смртта на царот Стефан Душан (1355). Ги владеел териториите од Селечка Планина, на север, до границата на Тесалија, на југ, на запад до Костур, а на исток до реката Вардар. Одржувал добри односи со северните соседи, со кралот Волкашин и со син му Марко, кој бил негов зет, оженет со ќерка му Елена.

Семејство Радослав Хлапен се оженил со Ирина, вдовицата на кесарот Прељуб. Ги имале следниве деца:

Марија Ангелина Радослава, се омажила за Алексиј Ангел Филантропен Елена, се омажила за Крал Марко непозната ќерка, се омажила за Никола Багаш непозната ќерка, се омажила за Јован Урош Стефан

Категорија:Македонија во средниот век Категорија:Родени во 1322 година