Радовишко турбе — османлиска гробница (турбе) во градот Радовиш, прогласена за културно наследство на Македонија.

Турбето е сместено во стариот дел на градот. Се смета дека е изградено во 1390 година. Во неговиот комплес е зачувано минаре, за кое се смета дека датира од 1400 година. Со доаѓањето на српската власт во 1913 г. градбата се користела како затвор за мачење на режимски противници.

Поврзано Културно наследство на Македонија во Општина Радовиш

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Турбиња во Македонија Категорија:Исламска архитектура во Македонија Категорија:Знаменитости во Радовиш