Раштани — село во северозападниот дел на Општина Велес, во околината на градот Велес, во долното сливно подрачје на реката Тополка, а на северозападната падина — на ридот Гроот.
Географија и местоположба
Селото е рамничарско и лежи на надморска височина од 380 метри, а од градот Велес е оддалечено 6 километри. Во Раштани работи основно училиште до IV одделение, има неколку угостителски и стопанско-земјоделски објекти и споменик од НОБ, посветен на Февруарскиот поход.
Историја
Стопанство
Население
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 200 Македонци.
Според пописот од 2002 година, селото Раштани има 286 жители од кои сите се Македонци.
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 257 жители, од кои 219 Македонци, 1 Влав, 1 Србин и 36 лица без податоци.
Родови
Раштани е македонско село.
Според истражувањата од 1966/67 година, родови во селото се
Скубареви (3 к.), Чупчевци (3 к.), Брлевци (3 к.), Пецевци (3 к.), Лазови (2 к.), Ицкови (1 к.), Саздови (1 к.), Ордеви (5 к.), Наунови (4 к.) и Тоскаровци (1 к.). сите наведени родови се староседелски. Караџовци (4 к.) доселени се од денес албанското село Бузалково. Малиќовци (1 к.) доселени се во турско време од селото ’Рлевци. Арсевци (1 к.) и Балчаковци (1 к.) доселени се во 1919 година од селото Дреново. Бузалковци (4 к.) доселени се во периодот од 1946-48г од селото Бузалково. Гускарови (1 к.) доселени се од селото Белештевица. Угриновци (3 к.) и Црешневци (1 к.) доселени се од селото Црешнево после 1946 година. Дреновчани (5 к.) доселени се од селото Дреново. Во Дреново биле староседелци. Бистричани (1 к.) доселени се од селото Бистрица.
Општествени установи Црква „Св. Троица“
Самоуправа и политика
Избирачко место
Во селото постои избирачкото место бр. 2203 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 242 гласачи.
Културни и природни знаменитости Археолошки наоѓалишта Грамаѓе — населба од доцноантичко време Каменика — некропола од доцноантичко време Корија — утврдена населба од доцноантичко време Латински Гробови — некропола од доцноантичко време Мраморје — населба и некропола од доцноантичко време
Редовни настани
Личности
Култура и спорт
Иселеништво
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Села во Македонија Категорија:Велешки села Категорија:Села во Општина Велес