Попчево — село во Општина Струмица, во околината на градот Струмица.
Географија и местоположба thumb|десно|Црква Свети Илија thumb|десно|Споменик на Ристоман Попчевски thumb|десно|ОУ „Маршал Тито“
Попчево се наоѓа во југоисточниот дел на Република Македонија. Сместено е во јужниот дел на Општина Струмица, недалеку од вештачкото езеро Водоча. Селото е расположено на присојно место изложено на сончевите зраци, на западната падина на планината Еленица со отвореност кон југ. Непосредно на запад од Попчево е вештачкото езеро Водоча, додека непосредно на исток е помалото вештачко езеро на браната Маркова Река во долината на реката Тркања низ која води патот од Струмица за Валандово, кон север и исток е падината на Еленица со нискостеблеста ретка шума и пасишта, а кон југ е пространото обработено земјиште со многу ниви. Попчево е ридско село на сместено на надморска височина од 500 метри. Од градот Струмица е оддалечно 9 километри во западен правец и е поврзано со новоизграден асфалтиран пат кој води преку Еленица покрај Цареви Кули, како и со исклучување од регионалниот пат за Валандово кај селото Раборци. Атарот на Попчево зафаќа простор од 15,3 км2 при што на него шумите зафаќаат површина од 562,5 ха, на пасиштата отпаѓаат 527 ха, а на обработливото земјиште 274 ха.
Селото се граничи со Раборци, Чепели, Плавуш, Баница, Водоча, Белотино, Струмица.
Историја
Стопанство
Претежно занимање на населението е земјоделство. Обработливото земјиште во селото зафаќа површина од 157 ха.
Население
Според податоците од 1873 година, селото имало 60 домаќинства со 295 жители христијани (Македонци).„Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр.186-187.
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Попчево живееле 217 жители, сите Македонци.Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 160. Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Попчево имало 240 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 106-107.
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 400 Македонци.
Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 343 жители, од кои 342 Македонци и 1 останат.Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
Селото Попчево е средна по големина населба со постојано, но не и драстично намалување на бројот на жителите. Така, во 1961 селото имало 625 жители, а во 1994 се намалило на 443 жители, исклучиво македонско население.
Според последниот попис од 2021 година, во селото живеел 221 жител, од кои 203 Македонци, 1 останат и 17 лица без податоци.
Родови
Селото Попчево е населено со Македонци од православна христијанска вероисповед. Сите македонски родови од селото се староседелски односно старински, кои уште одамна живееле во ридскиот предел западно и јужно од Струмица при што нема доселеници од други подалечни краишта, односно постоеле преместувања во блиските соседни села Раборци, Три Води, Рич, Водоча. Родови или семејства коишто живеат во Попчево се: Тасеви, Кочеви, Бачеви, Ташеви, Пандеви, Ѓорѓиеви, Вучкови, Стојанови, Дерменџиеви, Николови, Коцеви, Атанасови, Ицеви.
Општествени установи
Самоуправа и политика
Избирачко место
Во селото постои избирачкото место бр. 1768 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 270 гласачи.
На Македонски парламентарни избори во 2020 година, на овие избирачки места биле запишани вкупно 257 гласачи.
Културни и природни знаменитости
Црква „Св. Илија“, православен храм. Споменик Ристоман Попчевски Војводата Градиште, археолошко наоѓалиште од доцноантичко време. Манастир, археолошко наоѓалиште од доцноантичко време. Црква, археолошко наоѓалиште од римско време.
Редовни настани
Личности 25п Ристоман Попчевски (1870 - 8 јули 1904) - револуционерен деец.Бранко Ѓоргиев, "Ристоман Попчевски – револуционерот кој ја темпира бомбата на железничката станица во Гевгелија" ("Струмица денес", 07.10.2014) 25п Зора Георгиева (26 јуни 1935-31 мај 2014) - македонска глумица Иљо Коцев Бачев — македонски револуционер од ВМОРО. Кољо Ристов Георгиев — македонски револуционер од ВМОРО. Васил Филов Гогов — македонски револуционер од ВМОРО. Алексо Коцев Иљашев — македонски револуционер од ВМОРО.
Култура и спорт
Родителите на фудбалерот Горан Пандев се родени во Попчево.
Иселеништво
Галерија
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Села во Општина Струмица Категорија:Струмички села Категорија:Села во Македонија Категорија:Села со слава Илинден во Македонија