Јохан Себастијан Бах (; , 31 март 1685 – . 28 јули 1750) — прочуен германски композитор и оргулар чии духовни и световни дела за хорови, оркестри и соло инструменти ги сплотуваат речиси сите аспекти на стилот на барокната музика доведувајќи ги до врвна точка на зрелост. Иако нема воведено нови музички форми, Бах го има збогатено германскиот музички стил со робусна, но магична контрапунктна техника, навидум лесна контрола на хармонска и мотивска организација од најмал до најголем размер, и адаптација на странски ритми и текстури, особено италијански и француски.

Бах се смета за еден од најголемите композитори во светот заради неговата моќна измазнетост на стилот и огромниот опус. Неговите дела се високо ценети за нивната интелектуална длабочина, техничка заповест и уметничка убавина: Некои од неговите најславни дела се: Бранденбуршки концерти, свитите и партитите за клавијатура, Мисата во ха-мол, Житието на Св. Матеј, Музички дар, Уметноста на фугата и голем број кантати, од кои денес се зачувани 220. Важен пример за неговите стилистички одлики е хорот Ehre sei Gott in der Höhe од Божиќниот ораториум, напишан во 1734 г., во зрелиот период на неговото творештво.

Животопис Детство и младост Јохан Себастијан Бах бил член на едно од најизвонредните музички семејства во светската историја. Во период од 200 години и повеќе семејството Бах дало дузини вредни музичари и композитори за време на периодот кога црквата, локалната влада и аристократијата му обезбедувала значителна поддршка на музичкото творештво ширум регионите во кои се зборувал германскиот јазик, а особено во источните изборни кнежевства Тирингија и Саксонија. Себастијановиот татко, Јохан Амброзиус Бах, бил талентиран виолинист и трубач во Ајзенах, град со 6.000 жители во Тирингија/Германија кој работел на црковна и световна музика. Сите чичковци на Бах биле професионални музичари од оргулари и дворски камерни музичари до композитори. Тогашни документи укажуваат на фактот дека името Бах било користено како синоним за музичар. десно|мини|250п|Местата кајшто живеел Бах во текот на животот.

Мајка му умрела во 1694, а татко му следната година. Сега десеттогодишен сирак, се преселил кај брат му Јохан Кристоф Бах, оргулар во блискиот град Ордруф. Таму тој препишувал, учел и изведувал музика и добил одлична обука од брат му. Ова му овозможило да ги чуе делата на големите јужно-германски композитори во тоа време како Јохан Пакелбел и Фробергер, но веројатно и делата на северно-германските и француските композитори како Жан-Батист Лили, Луј Маршан и Марен Маре. Момчето веројатно присутствувало и помагало во одржувањето на оргулите, претходник на неговата доживотна активност како како консултант за изработка и реставрација на органи. Баховата посмртница укажува на тоа дека младиот Себастијан копирал партитури од брат му, но бидејќи партотурите во тоа време биле вредни и приватни артикли, Кристоф му забранувал на брата си да го прави тоа.

На возраст од 14 години, Себастијан добил стипендија заедно со неговиот постар соученик, Георг Ердман, за да учи во престижното училиште „Св. Михаил“ во Линебург, недалеку од Хамбург, тогаш најголем град во Германија. Патувањето до таму било долго, веројатно дел пеш и дел со кочија. Овие две години биле од круцијално значење за неговата изложба на една поширока палета на европска култура која би ја ималч видено во Тирингија. Таму Себастијан не само што пеел а капела во хорот, туку веројатно и свирел на училишната три-мануелна оргула и чембало. Тогаш веројатно научил француски и италијански и преку основна теологија, научил латински, историја, географија и физика. Таму исто така имал контакти со синови на благородници од северна Германија кои студирале во ова високоселективно училиште како спрема за нивните подоцнежни кариери во дипломатија, влада или војска. Веројанто е дека имал добри контакти со оргулари во Линебург, особено со Георг Бем, и посетил неколку во Хамбург, како Јохан Адам Рајнкен и Николаус Брунс. Преку овие музичари, тој веројатно имал пристап до најголемите инструменти. Исто така веројатно е дека се запознал со музиката од северногерманската традиција, особено со делата на Дитрих Букстехуде како и со ракокписи од подалечните регионии со трактати на тема музичка теорија кои им припаѓале ним.

Арнштат и Милхаузен (1703–08) thumb|200px|Бах (?) како момчеВо јануари 1703, набргу по неговото дипломирање, Бах се вработил како дворски музичар во капелата на Војводата Јохан Ернст во Вајмар, поголемо населено место во Тирингија. Неговата улога таму не е јасна, но веројатно била од физичка, а не музичка природа. За време на овој седуммесечен преастој во Вајмар, Бах постигнал високо реноме како клавијатурист и станал доста познат. Тој бил поканет да изврши проверки и да даде инаугуративен рецитал на новата оргула во црквата Св. Бонифациј во Арнштат. Семејството на Бах имало блиски врски со најстариот град во Тирингија, околу 30 км југозапдна од Вајмар на границата на една голема шума. Во август 1703, Бах ја прифатил работната понуда за оргулар во истата црква, со лесни задачи, релативно великодушна плата и нова оргула без технички дефекти и наштимана според современ систем на која можело да се свири во голем број тоналитети.

Токму во ова време Бах се заложил во сериозно компнирање на прелудиуми за оргула, меѓу другите, познатата Токата и фуга во де-мол. Овие дела, во северно-германската традиција на виртузони, импроовизаторни прелудиуми, веќе покажуваат цврста контрола на мотивите (каде една, кратка музичка идеја децидно се истражува през ставот). Но во овие дела композиторот сѐ уште се бори со проблемот на структурирање на поголеми дела и има сѐ уште да ги развие своите вештини во контрапункциско компонирање (каде две или повеќе мелодии симултано содејствуваат).

Силните семејни врски и ентузијазмот на неговиот работодавач не можеле да ја спречат тензијата помеѓу своеглавиот, генијален млад огранист и властите по неколку години на работното место. Бах бил незадоволен со стандардот на пејачи во хорот. Посериозно, тој бил отсутен од Арнштат без одобрение неколку месеци (1705–06), кога бил во посета на големиот мајстор Букстехуде во северниот град Либек. Во овој добро познат инцидент во животот на Бах, тој испеѓачил некои 400 км секој правец за да го посети човекот кој го сметал за таткото на сите германски оргулари. Оваа посета го зајакнала стилот на Букстехуде како основа за раните дела на Бах и фактот што таму останал неколку месеци подолго од предвиденото укажува на тоа дека Букстехудевата придружба му била многу значајна за неговата уметничка дејност.

И покрај неговата удобна состојба, во 1706 г. Бах имал потреба да се оттргне од семејното милјеи да продолжи да работи на својата кариера. Тогаш му била понудена поантрактивна работа како оргулар во црквата „Св. Блазиј“ во Милхазуен, голем и важен северен град. Следната година тој ја прифатил оваа сениорска работа со многу подобрена плата и услови, вклучувајќи добар хор. Четири месеца по неговото пристигање во Милхаузен, Бах се оженил со неговата втора братучетка од Арнштат, Марија Барбара. Заедно имале седум деца, од кои четири успеале да достигнат полнолетство. Три од нив — Вилхелм Фридман Бах, Јохан Кристијан Бах и Карл Филип Емануел Бах станале важни композитори во китнестиот стил рококо кој дошол по барокот.

Црквата и градската администрација на Милхаузен мора да биле горди на новиот музички директор. Тие безусловно се согласиле со неговиот скап план за реставрација на оргулите во црквата Св. Блазиус и биле толку восхитени на сложената свечена кантата која ја искомпонирал за инаугурацијата на новиот општински совет во 1708 г. — Господ е мојот крал BWV 71 која очигледно го следела стилот на Букстехуде — што платиле одлични пари за нејзиното издавање. Во подоцнежните години Бах двапати се враќа во градот за да ја диригира ова композиција.

Вајмар (1708–17) По неполна година во Милхаузен, Бах заминува да се вработи како дворски оргулар и концертмајстор на војводскиот двор во Вајмар, огромен напредок од последниот пат кога работел таму како „лакеј“. Огромната плата и можноста да работи со голем и добро финансиран контингент од професионални музичари веројатно го привлекле таму. Така тој со своето семејство се преселил во стан раздалечен само пет минути одење пеш од војводскиот дворец. Следната година му се раѓа првото дете и немажената сестра на Марија Барбара се вселува кај нив и таму останува да помага во домаќинството сè до нејзината смрт во 1729 г. Токму тука се раѓаат неговите два музички значајни сина, Вилхелм Фридман и Карл Филип Емануел Бах.

Неговата позиција во Вајмар го означува почетокот на еден долготраен период на композиција на клавијатурни и оркестрални дела за кои тој меѓувремено се здобил со експертиза дотолку што ги проширил големите стурктури и ги синтетизирал влијанијата од странство. Од музиката на италијаните како Вивалди, Корели и Торели научил како да компонира драматични воведи и ги адаптирал нивните весели композиции, динамички мотор-ритми и хармониски шеми. Бах највеќе се упатил во овие стилистички аспекти по пат на изработка на транскрипции на делата за ансамбли на Вивалди за чембало и оргула; овие композиции и денес се омилени концертни дела. Тој најверојатно ја добил идејата за транскрипција на современи италијански дела од принцот Јохан Ернст, еден од неговите работодавачи, кој бил музичар од професионален калибар. Во 1713 г., Војводата се вртатил од турнеја по низоземјето со голема збирка на партотури од кои некои биле трансрипции на нова италијанска музика од слепиот оргулар Јан Јакоб де Грааф. Особено го привлекувала италијанската „solo-tutti“ структура, во која еден или повеќе соло инструменти наизменично се јавуваат дел по дел со полниот оркестар през целиот став. Овие италијански одлики можат да се чујат во музичкиот извадок подолу: Прелудиум од Англиската Свита Бр. 3 за чембало (1714 год). „Solo-tutti“-назименичноста кога изведувачот вешто преоѓа од долната клавијатура (со полн и малку погласен тон) на горната клавијатура (со по нежен тон).

Во Вајмар, тој ја имал можноста да свири и компонира за оргула и да изведува разнообразен репертоар со ансамблот на војводата. Како мајстор на контрапунктната техника, неговата постојана креативност со фугите започнала токму таму. Неговото најголемо фугално дело е Добро темпериран клавир („клавир“ на германски значи било кој клавијатурен инструмент). Тоа се состои од 48 прелудиуми и фуги, по пар за секоја дурска скала и релативна дурска скала. Ова е едно од неговите најмонументални дела заради мајсторската употреба на контрапункт и неговото исползување, за првпат во сите скали. За време на неговиот престој во Вајмар, Бах ја започнал работата на Малата книга за оргула со неговиот најстар син, Вилхелм Фридман; таа содржи традиционални лутерански корали, поставени во рамките на комплексна текстура за да им помага на оргуларите во нивното вежбање. Оваа книга илустрира две главни теми од Баховиот живот: неговата посветеност на учителството и неговата љубов кон коралот како музичка форма.

Кетен (1717–23) right|thumb|200px|Кетенскиот дворец и градините, гравура од Топографија од Матеус Мериан (1650)right|thumb|left|200px|Соната за виолина Бр. 1 во ге-мол (BWV 1001) своерачно напишана од Бах