мини|десно|240п|Монета со ликот на Милан од 1882 г.мини|десно|240п|Портрет на Милан Обреновиќ Милан Обреновиќ, познат како Милан Обреновиќ IV и Милан I Обреновиќ (22 август 1854 - 11 февруари 1901) бил кнез (1872-1882) и прв нововековен крал на Србија (1882-1889). Кнезот Михајло Обреновиќ III умрел без законски потомок, а за негов наследник бил избран Милан кој тогаш имал 14 години и се школувал во гимназијата Луј Велики во Париз. Бидејќи бил малолетен било избрано Намесништво на чело со Јован Ристиќ. Милан израснал во Париз и имал носталгија кон Франција и нејзината престолнина. Често го напуштал Белград и се враќал во Париз каде што се одавал на раскошниот живот Guy Gauthier, Les Aigles at les Lions, Histoire des monarchies balkaniques, Éditions France-Empire, 1996.
Во текот на овој период, Намесништвото на чело со Ристиќ го демократизирало српскиот политички живот, било воведено општо право на глас за мажите и рамномерна фискална реформа. Во 1875 година било кренато востание во Босна и Херцеговина против Османлиското царство. Јован Ристиќ плашејќи се од Австроунгарска окупација на оваа област го потикнал Милан да им објави војна на Османлиите. Меѓутоа, во 1876 година српските сили биле поразени, а угледот на Милан опаднал, а во Руско-турска војна од 1877-1878 година, Србија не учествувала. Со Берлинскиот конгрес српското кнежевство било прогласено за независно, а Австроунгарија го добила правото да ги окупира Босна и Херцеговина и Новопазарскиот санџак, со што биле ослабени позициите на српската држава, а Милан се нашол во тешка позиција.
За да го поправи својот углед и да ја заврсти својата разнишана позиција, во 1882 година Милан се прогласил за крал под името Милан I Обреновиќ. Кралската титула ја засилиле неговата амбиција и одлучил сам да владее. Во 1883 година извршил државен удар со кој го укинал уставот и започнал да се пресметува со политичките партии, особоено настрадала Радикалната партија која била составена од либерали, политичкиот живот на Србија бил исполнет со крвави нереди и политички процеси кои со години траеле.
Во 1885 година дошло до обединување помеѓу Бугарското кнежевство и Источна Румелија со што територијата на младата бугарска држава удвоила. Милан побарал територијална компезација за Србија која требало да биде еднаква на проширувањето на Бугарија. Таквата претензија не била исполнета и Милан ја нападнал Бугарија со што започнала Српско-бугарската војна. Меѓутоа, српските сили биле поразени и бил потпишан Вториот букурешки договор со кој се зголемила непопуларноста на Милан во Србија.
Милан сакал да се разведе од својата сопруга Наталија Кешко, угледна Русинка од истакнато кнежевско семејство Гика. Меѓутоа српската православна црква не сакала да му дозволи развод, а Милан сам себеси се развел со што целосно го уништил својот углед во конзервативна Србија. За да избегне избувнување на граѓанска воја, во 1889 година абдицирал во полза на својот син Александар. Во замена добил 2 000 000 франки во злато и заминал за Париз.
Неговиот син и наследник Александар имал дванаесет години кога бил избран за владетел на Србија. Поради малолетноста на новиот крал, бил избран Намеснички совет на чело со неизбежниот Јован Ристиќ. Меѓутоа во 1893 госина, кога Александар имал 16 години, бил извршен државен удар во текот на кој сите намесници и министри биле апсени, а Александар се прогласил за полнолетен и го суспендирал уставот. Државниот удар бил организиран од Милан кој дошол тајно во Србија и го потикнал својот син на акција. Александар својот татко го назначил за врховен командант на српската армија.
Кога Александар решил да се ожени со Драга Машин, Милан се спротивставил на тој брак и кон крајот на 1900 година за секогаш ја напутил Србија. Милан најпрво живеел во Карлсбад, потоа во Темишвар, а последните денови од животот ги поминал во Виена. Во престолнината на Австроунгарија се разболел и по тешко боледување умрел на 11 февруари. Тој е закопан во Крушедол на Фрушка Гора покрај кнегињата Љубица. Рани години мини|лево|150п|Кралот Милан Обреновиќ како детемини|десно|240п|Крагуевац Бил роден на имотот на својот татко Милош, син Јеврем Обреновиќ кој бил брат на првиот српски кнез Милош Обреновиќ I. Неговиот татко како странски наемник служел во романската војска и загинал во борбите со Османлиите кај Букурешт на 20 ноември 1861 година. Неговата мајка, Елена Марија Катарџи била ќерка на романскиот гроф Константин Катарџи. По неговото раѓање, неговите родителе се оддалечиле, тој бил нивни единствен син и имал една сестра, Томанија.
По смртта на неговиот татко, за Милан се грижела неговата мајка која водела раскошен аристократски живот. Елена Марија Катарџи не се грижела многу за воспитувањето на својот син. Грижата за него ја презел српскиот кнез Михајло Обреновиќ III. На шест години, Милан пристигнал во Крагуевац.
Српскиот кнез му обезбедил гувернанта која го воспитувала и подучувала, а меѓу неговите воспитувачи бил и познатиот дубровнички поет Медо Пуциќ. По созревањето, Михајло Обреновиќ III својот внук го испратил на школување во Париз. Владетел на Србија Намесништво Во 1868 година бил извршен атентат врз Михајло Обреновиќ III во Коштуњак. Михајло немал законски потомок кој би можел да го наследи српскиот престол. По предлог на министерот Миливој Блазнавц, Милан бил избран за наследник на свој четиринаесет години. Бидејќи бил малолетен во моментот на изборот за српски кнез, наместо него управувало Намесништво во состав: Блазнавац, Ристиќ и Гавриловиќ.
На 29 јуни 1869 година, била спроведена првата мерка на Намесништвото, донесување на Устав во кој било предвидено дека српскиот престол, во случај ако изумре машката линија на Обреновиќите, може да биде наследен од женските потомци на кнезот Милан по женска линија. Овој устав бил силно нападнат од страна на опозицијата. Во текот на овој период, Намесништвото на чело со Ристиќ го демократизирале српскиот политички живот, а било воведено општо право на глас за мажите и била спроведена рамномерна фискална реформа.
1872 - 1882 Надворешна политика мини|лево|150п|Милан околу 70 - те години на 19 векмини|десно|240п|Водачи на Босанското востание Во 1872 година, Милан се стекнал со полнолетство и ја презел власта во Србија како кнез и владеел под името Милан Обреновиќ IV. Во почетокот на своето владеење, главно се потпирал врз војската и се стремел кон нејзино зајакнување. Во надворешната политика, српското кнежевство имало најдобри односи со Руското царство.
Во 1875 година избувнало Босанското востание против Османлиите. Милан во почетокот не сакал да се меша на каков било начин и го осудил востанието. Меѓутоа под притисок на српското граѓанство и под влијание на Јован Ристиќ, во 1876 година Милан и објавил војна на Османлиското царство, но српските сили биле поразени од реформираната османлиска армија.
По започнувањето на Руско-турската војна, под притисок на Руското царство, на 2 декември 1877 година Милан повторно влегол во војна со Османлиите. Српската војска се движела кон Ниш, Пирот и Врање. Со потпишувањето на Санстефанскиот мировен договор и создавањето на Голема Бугарија, Милан останал со празни раце. Овој момент бил пресвртница во надворешната политика на кнезот, тој се свртел кон Австроунгарија.
Со Берлинскиот конгрес од 1878 година Србија се стекнала со независност од Османлиското царство, а добила и извесно територијално проширување: Нишкиот, Пиротскиот и Топличкиот округ. Меѓутоа, Босна и Херцеговина станала протекторат на Австроунгарија. Набргу потоа, Милан ја испратил првата делегација на виенскиот двор. На чело на оваа делегација се наоѓал Ристиќ, водачот на либералите кој се обврзал во име на Србија да склучи трговски договор и спогодба за изградба на железничка линија со Австроунгарија. Судир со поглаварот на автокефалната српска црква мини|лево|150п|митрополитот Михајло Белградскиот митрополит Михајло бил русофил, а како таков им сметал на Виена, Милан и неговите приврзаници.
Митрполитот Михајло преку српските свештенци во Босна дејствувал против интересите на Австроунгарија, а финансиска помош добивал до руските словенски комитети. Во 1881 година, митрополитот Михајло дошол во судир со приврзаниците на Милан.
Милан решил да го отстрани митрополитот. Како повод послужил Законот за црковните такси кој стапил на сила на 1 јуни 1881 година, а бил донесен без консултации и согласност на Светиот архијерејскои собор. Дошло до судир помеѓу владата и митрополитот.
На 18 октомври 1881 година, Милан издал указ со кој Михајло бил отстранет од својата положба без пензија или каква било друга издршка.
По отстранувањето, Михајло живеел во својата приватна куќа во Белград, меѓутоа под притисок на српските власти, во 1883 година ја напуштил Србија. Меѓутоа, подоцна Милан му дозволил да се врати.
Атентат На 11 октомври 1882 година, Јелена Илка Марковиќ, вдовица на полковникот Јеврем Марковиќ, се обидела да го убие Милан во Соборниот храм во Белград. Поводот за атентатот било стрелањето на нејзиниот маж за време на Тополската буна. Атентатот бил неуспешеан, а Јелена Илка Марковиќ била упасена и на 12 април 1883 година била осудена на смрт. Била помилувана, меѓутоа подоцна била пронајдена мртва во пожаревачкиот затвор.
Поради атентатот, била упасена и нејзината роднина, Лена Книќанка. На 28 март 1883 година, таа била пронајдена обесена во затворот. Смртта на овие две жени се случиле под сомнителни околности: стражарот на Лена исто така умрел. Во двата случаја, по еден лекар од комисијата која ги испитувала причините за смртта, утврдиле дека не се работи за самоубиство.
Во 1891 година, весниците ги обвиниле Милан и Милутин Гарашанин за наредбодавци на убиствата. Милан се обидел атентатот да го искористи против Радикалите, меѓутоа во текот на истрагата не биле откриени докази против нив Раде Милошевић, „Тимочка буна“, Београд 1923..
Прогласување на Србија за кралство мини|десно|250п|Прогласување на Србија за кралствомини|лево|150п|Србија во 1878 година На 16 јуни 1881 година, во Виена била потпишана т.н Тајна коненција. Со неа било предвидено пријателска политика помеѓу Србија и Австроунгарија, српската страна од своја страна се обврзала да се откаже од својата претезија кон Босна и Херцеговина, која била признаена за хабсбуршка сфера на влијание, во замена Србија добила согласност за територијално проширување кон југ, односно кон Македонија, како и ветување дека Виена ќе се заложи кај останатите големи сили да ја прифатат српската територијална експанзија на југ. Меѓу другото, било договорено и прогласување на Србија за кралство.
По потпишувањето на договорот, првиот министер на српската влада - Михаил Пироќанец поднел оставка, меѓутоа Милан не ја прифатил. На 21 февруари (стар календар 1882 година, Милан се крунисал за крал под името Милан I Обреновиќ , Србија станала кралство, а царот Франц Јосиф I лично му честитал на новиот крал.
1882-1889 Судир со Радикалите мини|лево|150п|Никола Пашиќ По прогласувањето на Милан за крал, дошло до промена во политичкиот живот на Србија. Се формирале партии: Радикалната партија (1881) на чело со Никола Пашиќ, Либералната партија на чело со Јован Ристиќ и Напредната партија на самиот крал Милан. Српските граѓани биле незадоволни од владеењето на Милан. Плашејќи се од истапувањето на народот, како и поради набавката на нови пушки, Милан се повикал на правото да формира платеничка армија и наредил да се собере оружјето од народот и да се складира во магацини.