Свети Никола — главна селска црква во струшкото село Мали Влај, Македонија.

Местоположба

Црквата се наоѓа во средишниот дел на селото. Околу црквата се наоѓаат селските гробишта.

Историја

Црквата се претпоставува дека била изградена уште од старите жители на Мали Влај, односно кога селото повторно било населено во 1810 година, мештаните ја затекнале оваа црква со стари икони без натписи.

Црквата настрадала за време на земјотресот од 1911 година, но во 1923 година била повторно подигната на нејзините стари темели.

На 12 септември 2010 година во црквата било извршено преосветување на светиот престол.

Архитектура Фрескоживопис

Црквата е живописана во внатрешноста.

Галерија

Поврзано Струшко архијерејско намесништво Втора струшка парохија Мали Влај

Наводи

Надворешни врски

Мали Влај