Пастрмалија — македонски посебен вид пита направена од тесто и месо. Традиционалната пастрмалија има долгнавест облик со сецкано месо врз неа. Името потекнува од зборот пастрма, што значи солено и сушено месо од овца или јагне.

Во чест на пастрмалијата, секоја година во Штип традиционално се одржува манифестацијата наречена „Пастрмалијада“. Во 2011 година, штипската пастрмалија станала марка со која се озаконува нејзиното брендирање. Иако службено се нарекува пастрмалија, популарното име помеѓу македонскиот народ е „пастрмајлија“. мини|Светиниколска пастрмајлија Рецепти

Пастрмалија на Храна и Вино Пастрмалија на 360macedonia Пастрмалија на Diethood Пастрмалија на Restorani.mk Пастрмалија на Македонско Сонце

Наводи

Категорија:Македонска кујна Категорија:Јадења Категорија:Печива