Економската благосостојба е гранка на теоретската економија која употребува микроекономски техники во проценката на благосостојбата во економијата, особено во однос на конкурентната општа рамнотежа во склоп на економијата како економска ефикасност и резултатот од распределбата на приходотДердорфовиот речник за меѓународна економија (2006). „Економска благосостојба“. поврзан со нејзе. Ја анализира општествената заштита како економска активност на разни поединци кои го сочинуваат теоретското општество земено впредвид. Соодветно на тоа, поединците, со поврзани економски активности, се основна единица за сумирање на општествената благосостојба, без разлика дали се работи за група, заедница или општество и не постои „општествена благосостојба“ одделна од „благосостојбата“ поврзана со нејзините поединечни единици.
Економската благосостојба обично зема дадени поединечни одлики и зацртува благосостојбено подобрување во услови на паретова ефикасност од општествена состојба А во општествена сосотојба B, доколку најмалку едно лице претпочита B, а никој друг не се противи на тоа. Нема потреба од единствена квантитативна мерка на благосостојбените подобрувања имплициарни од ова. Друг аспект на благосостојбато гледано преку распределбата на приходот/добрата, вклучува еднаквост како дополнителна динемзија на благосостојбата.М. Д. Литл, Критика за економската благосостојба (1950). Амартија Сен, За економската нееднаквост, Анекс со Џејмс И. Фостер (1997), „Clarendon Press“, Оксфорд, ISBN 0-19-828193-5.
Општествената благосостојба се однесува на севкупната благосостојба во општеството. Со доволно силни претпоставки може да биде специфицирана како збир на благосостојбата на сите поединци во општеството. Благосостојбата може главно да биде мерена во единици наречени „корисности“ или во денари или, пак, да се мери во единици на паретова ефикасност. Методот со мерење преку „корисности“ денес ретко се користи во чистата теорија поради множеството проблеми кои го прават методот нејасен, освен во широко распространетите основни претпоставки. Во применетата економска благосостојба, како на пример во анализата на трошоци и добивка, често се употребуваат претпоставки засновани на парична вредност, особено кога ефектите од распределбата на приходот се вклучени во анализата или се верува дека веројатно нема да ја намалат точноста.
Два пристапа Постојат два главни пристапа во економијата на благосостојба: раниот неокласичен пристап и нов пристап во економската благосостојба
Раниот неокласичен пристап бил развиен од Франсис Исидро Еџворт, Хенри Сидвик, Алфред Маршал и Артур Сесил Пигу. Тој го претпоставува следново: Корисноста е кардинална, таа е мерлива преку набљудување или оценување; Одликите се егзогено дадени и стабилни; Додатните претпоставки даваат сè помали и помали порасти во корисноста (намалување на маргиналната корисност) Сите поединци имаат меѓусебни споредливи функции на корисноста (претпоставка која Еџворт ја избегнал во неговата „Математичка физика“) Со овие претпоставки, возможно е да се конструира општествена благосостојбена функција, едноставно, преку сумирање на сите поединечни функции на корисноста.
Пристапот на новата економија на благосостојба се заснова на работата на Вилфредо Парето, Џон Хикс и Николас Калдор. Експлицитно ги препознава разликите помеѓу аспектот на ефикасноста на дисциплината и аспектот на распределбата и поединечно ги обработува. Прашањата на ефикасноста се оценуваат со критериуми како паретова ефикасност и Калдор-Хиксовиот тест за компензација, додека прашата на распределбата на приходот се обработени во спецификацијата на функцијата на општествената заштита.
Ефикасност Се смета дека ситуациите имаат дистрибутивна ефикасност кога добрата се распределени до луѓето кои можат да ја придобијат најголемата корисност од нив.
Многу економисти ја користат паретовата ефикасност како нивна цел за ефикасност. Според ова мерење на општествената благососотојба, ситуацијата е оптимална само кога ниту еден поединец не би можел да извлече поголема корисност без да направи некој друг да извлече помала.
Оваа идеална состојба може да биде постигната само доколку се исполнети четири критериуми: Маргиналната стапка на супституција во конзумирањето е идентична за сите потрошувачи. Ова се појавува кога ниту еден потрошувач не би можел да извлече поголема корисност без да направи другите да извлечат помала. Маргиналната стапа на трансформација во производството е идентична за сите производи. Ова се појавува кога е невозможно да се зголеми производството на било кое добро без да се намали производството на други добра. Маргиналниот трошок на ресурсите е еднаков на маргиналниот приход од продуктивноста за сите производствени процеси. Ова се случува кога маргиналниот физички производ на еден фактор мора да биде ист за сите претпријатиеја кои го произведуваат доброто. Маргиналната стапка на супституција во конзумирањето е еднаква на маргиналната стапка на трансформацијата во производството, како кога производствениот процес мора да се совпаѓа со желбите на потрошувачот.
Постојат голем број на услови кои, повеќето економисти ги поддржуваат, можат да доведат до неефиканост. Тука се вклучени: Несовршени пазарни структури како монопол, монопсонија, олигопол, олигопсонија и монополистичка конкуренција. Фактори за неефикасна алокација во основите на теоријата на производство. Пазрни неуспеси и екстерналии; постои и општествен трошок. Ценовна дискриминација. Асиметрична информација. Краткорочни и долгорочни опаѓања на просечниот трошок во природниот монопол. Одредени видови на даноци и тарифи.
Да би се одредило дали некоја активност ја поместува економијата накај паретовата ефикасност, развиени се два компензациони теста. Секоја промена, обично, прави некои луѓе да извлечат поголема корисност со што други извлекуваат помала, па во овие тестови се поставува прашањето што ќе се случи доколку победниците се компензираат со губитниците. Употребувајќи го калдоровиот критериум, активноста ќе придонесе во паретовата оптималност доколку максималната количина која добитниците се спремни да ја платат е поголема од минималната количина која губитниците се спремни да ја прифатат. Според хиксеровиот критериум, активноста ќе придонесе до паретова оптималност доколку максималната количина која губитниците се спремни да ја понудат на добитниците со цел да ја спречат промената е помала од минималната количина која добитниците се спремни да ја прифатат како поткуп да се откажат од промената. Хиксовиот компензационен тест започнува од гледната точка на губитниците, додека калдоровиот компензационен тест започнува од гледната точка на добитниците. Доколку двата услови се задоволени, и добитниците и губитниците ќе се сложат дека предложената активност ќе ја помести економијата поблиску до паретовата оптималност. Ова се нарекува и Калдор-Хиксова ефикасност или Скитовски критериум.
Распределба на приход Постојат многу комбинации за корисноста на потрошувачите, производствените миксови и комбинации на факторите од инпутите кои се во согласност со ефикасноста. Фактички, постојат безброј потрошувачки и производствени рамнотежи кои придонесуваат до резултатите од паретовата оптималност. Постојат толку оптимуми колку што постојат и точки на границата на производствените можности. Оттука, паретовата ефикасност е неопходна, но не и доволен услов за општествена благосостојба. Секој паретов оптимум кореспондира со различна распределба на приходот во економијата. Некои вклучуваат и големи нееднаквости кај приходот. Како одлучуваме кој паретов оптимум е најпотребен? Ова одлука се прави, или тактички или отворено, кога ја специфицираме функцијата на општествената заштита. Оваа функција ги отелотворува вредносните расудувања на меѓусебните корисности. Функцијата на социјалната заштита ја покажува релативната важност на поединците кои го сочинуваат општеството.
Утулитарната социјална функција (нарекувана и бентамова социјална функција) ги сумира корисностите на секој поединец со цел да добие целосна социјална заштита. Кон сите луѓе се постапува исто, без разлика на нивното почетно ниво на корисност. Една плус единица на корисност за човек кој гладува не се зема за поголема вредност од една плус единица на корисност за човек кој е милионер. Како друг екстрем се јавува максимум-минимум или раулсианова функција на корисност. Според критериумот на максимум-минимум, заштитата е максимизирана кога корисноста на оние членови од општеството кои имаат најмала корисност е најголема. Ниту една економска активност нема да ја зголеми социјалната заштита доколку не ја подобри позицијата на членовите на општеството кои извлекуваат помала корисност. Повеќето економисти наведуваат функции на социјална заштита кои посредуваат помеѓу овие два екстреми.
Социјалната индиферентна крива на корисноста е линеарна и накривена надолу на десно. Максимум-минимум социјалната индиферентна крива зема облик на две здружени прави линии формирајќи агол од 90 степени. Социјалната индиферентна крива нацртана од меѓусебните функции на социјална заштита е крива која е накривена десно надолу.
Податотека:social indifference curves small.png
Посредничките форми на социјалната индиферентна крива можат да бидат толкувани како приказ на нееднаквото зголемување, подобрувањето во корисноста на релативно богатите поединци е потребно да би се компензирала загубата во корисноста на релативно сиромашните поединци.
Упростен модел на седум равенки Основниот проблем на економијата на благосостојба е да пронајде теоретски максимум на функцијата на општествената благосостојба, тема со разни ограничувања како состојбата на технологијата во производството, достапните природни ресурси, националната инфраструктура и ограничувањата во однесувањето како максимизацијата на корисноста кај потрошувачите и максимизација на профитот кај производителите. Во наједноставната можна економија ова може да биде направено со симултано решавање на седум равенки. Оваа едноставна економија би имала само два потрошувачи (потрошувач 1 и потрошувач 2), само два производи (производ X и производ Y) и само два фактори на производство кои влијаат врз овие производи (труд (L) и капитал (K)). Моделот може да биде изразен како: максимизација на општествена благосостојба: W=f(U1 U2) предмет на следниот збир ограничувања: K = Kx + Ky (Количината на капитал употребен во производството на добрата X и Y) L = Lx + Ly (Количината на труд употребен во производството на добрата X и Y) X = X(Kx Lx) (Производствената функција за производот X) Y = Y(Ky Ly) (Производствената функција за производот Y) U1 = U1(X1 Y1) (Привилегии на потрошувачот 1) U2 = U2(X2 Y2) (Привилегии на потрошувачот 2)
Решението на овој проблем лежи во паретовиот оптимум. Во пореален пример каде постојат милиони потрошувачи, милиони производи и неколку фактори на производството, математиката станува многу покомплицирана. Исто така, наоѓањето решение на апстрактна функција не е директно поврзано со јавната политика. Со други зборови, решавањето на равенка не ги решава општествените проблеми.
Ефикасност помеѓу производство и потрошувачка Односот помеѓу производството и потрошувачката во едноставен модел на седум равенки (2x2x2 модел) може да биде графички изразен. Во графиконот подолу, агрегатната граница на производствените можности, означена со PQ ги покажува сите точки на ефикасноста во производството на добрата X и Y. Доколку економијата произведува мешавина од добрата X и Y, покажано во точката А, тогаш маргиналната стапка на трансформацијата (MRT), X за Y, е еднаква на 2. Граница на произвдоствени можности и еџвортов дијаграм, објаснето подолу