Жељувино — село во Општина Старо Нагоричане, во областа Козјачија, во околината на градот Куманово.
Географија и местоположба
мини|300п|лево|Поглед на маалото Клуновци
Селото се наоѓа во источниот дел на подрачјето на Општина Старо Нагоричане, во ридско-планинската област Козјачија. Селото е ридско, чии куќи се издигаат на надморска височина од 600 до 700 метри, а од градот Куманово е оддалечено 37 километри.
До селото води локален земјен пат, кој се двои локалниот асфалтен пат до селото Бајловце.
Куќите на ова село се наоѓаат на благи падини и во долови лево и десно од коритото на реката Петрошница. Околни села се Бајловце, Аљинце, Осиче и Дејловце. Водата за пиење доаѓа од бунари и извори. Попознати извори се Горни Корита (за стоката), Анџиски Кладенец (кај училиштето), Цвеин Кладенец и други.
Месностите во атарот ги носат следниве имиња: Соколовац, Густа Падина, Петкова Нива, Коњски Кладенец, Средно Ритче Иванова Нива, Малиње, Дајчин Гроб, Загузина, Вртешка, Чука, Аниште, Колчасте Ливадче Преслап, Оџинац, Широка Орница, Чукар, Добрава, Ливаде, Брестика, Старо Лозје или Селиште, Кљун, Довезеница, Задине, Присоје, Бузалаци и Ковачевац.
Селото има голем број маала. Седум маала се сместени на десниот брег на Петрошница, додека шест се на левиот брег. Маалата се населени со еден род и најчесто го носат нивното име.
Историја
На месноста Старо Лозје или Селиште во долината на Петрошница има старини од разни културни епохи. Во нивите, селаните наоѓале големи земјени ќупови, остатоци на ѕидови од куќи и една црква. За тие старини, некои селани велат дека се „римски“.
По народната традиција, денешното село не е многу старо. Било основано од тројца браќа, доселени од кумановското село Матејче. Од тоа село, браќата побегнале од Албанците околу 1820 година. Неколку години подоцна дошол и родот Думановчани од истоименото село. Тие првин отишле во Отошница, а потоа дошле тука.
Селиште или Старо Село се наоѓа во долината на Петрошница, десно од коритото. Таму биле и куќите на предците на денешните селски родови. Подоцна, тоа село се разбило и настанале денешните многубројни маала. На Селиште се наоѓаат селските гробишта.
Во селото се одржуваат собири на Спасовден и Мала Богородица.
Стопанство
Атарот зафаќа простор од 6,6 км2. На него преовладуваат обработливите површини на површина од 252,8 хектари, на пасиштата отпаѓаат 171,7 хектари, а на шумите 123,3 хектари.
Селото, во основа, има полјоделска функција.
Во минатото, мештаните се занимавале со земјиделство и сточарство, при што одгледувале најмногу овци и имале многу овоштарници околу своите куќи.
Население
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Жељувино живееле 252 жители, сите Македонци.Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 216.
Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Жељувино имало 254 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 126-127.
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 250 Македонци.
Селото е мало и во 1961 година броело 257 жители, а во 1994 година 64 жители, од кои 62 биле Македонци, а двајца жители Срби.
Според пописот од 2002 година, селото броело 58 жители, сите Македонци.
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 17 жители, сите Македонци.
Родови
Жељувино е македонско село. Сите родови се доселени на почетокот на век.
Според истражувањата на Јован Трифуноски од 1971 година, родови во селото поделени по маала: Родови во маала десно од Петрошница: Брндинци (2 к.), Ѓоринци (2 к.), Грци (2 к.), Анџије (2 к.), Додевци (2 к.), Шумарци (2 к.) и Вељинци (1 к.). Сите освен родот Грци потекнуваат од тројцата браќа кои се доселиле од селото Матејче. Родот Грци се доселени од негде, но не знаат од каде, ниту знаат како го добиле родовското име. Родови во маала лево од Петрошница: Кљунчини (6 к.), Шуќуровци (6 к.), Чукинци (3 к.), Думановци (5 к.), Баџинци (4 к.), Чукинци (3 к.) и Бисерци (1 к.), Сите освен родот Думановци и Баџинци потекнуваат од тројцата браќа кои се доселиле од селото Матејче. Во родот Шуќуровци се знае следното родословие: Томислав (жив, 35 години во 1971 г.)-Трпко-Стојан-Арсо-Таско, се доселил неговиот татко. Родот Думановци се доселени од селото Думановце и го знаат следното родословие: Пајсије (жив, 62 години во 1971 г.)-Божин-Јован-Атанас-Неделко, кој се доселил. Родот Баџинци се доселени од негде, но не знаат.
Иселеништво
Поради слабите услови за живот многу од населението почнало да се иселува кон најблиските градови во Македонија, веројатно и во некои градови од поранешна Југославија. Се знае за овие поединечни родови: Жељувинци во Горно Коњари, Ѓуринци (4 к.) во Канарево, Анѓеловци (1 к.) во Доброшане, Трајкоски и Додевски (1 к.) во Биљановце и Шоповци (5 к.) во Студена Бара.
Општествени установи
Поранешно основно училиште
Самоуправа и политика
На крајот од XIX век, Жељувино било село во Кумановската Каза на Отоманското Царство.
Селото влегува во рамките на Општина Старо Нагоричане, една од малкуте општини кои не биле изменети со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Старо Нагоричане.
Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Куманово, додека во периодот 1955-1965 било во некогашната општина Старо Нагоричане.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Бајловце, во која покрај селото Жељувино се наоѓале и селата Аљинце, Бајловце, Брешко, Добрача и Цвиланце. Во периодот 1950-1952, селото било исто така дел од некогашната општина Бајловце, во која влегувале селата Аљинце, Бајловце, Брешко, Жељувино и Цвиланце.
Избирачко место
Во селото постои избирачкото место бр. 1168 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште.
Редовни настани
Слави Спасовден — селски собир; и Мала Богородица — селски собир.
Наводи
Поврзано Козјачија Општина Старо Нагоричане Куманово
Надворешни врски
Категорија:Села во Македонија Категорија:Кумановски села Категорија:Села во Општина Старо Нагоричане