Гега — село во Петричко, Пиринска Македонија, денес во општината Петрич на Благоевградската област, југозападна Бугарија.

Географија и местоположба мини|300п|десно|Поглед кон селото Гега

Селото се наоѓа во планински реон на планината Огражден, во близина на границата помеѓу Македонија и Бугарија. Селото се наоѓа на 25 километри северозападно од градот Петрич. Атарот на селото зафаќа простор од 15.772 км2. Селото се наоѓа на надморска висина од 700 метри. Реката Градешница тече 900 метри источно од селото. Климата е средоземна. Селото е едно од погодните почетни точки за високите делови на планината Огражден и неговиот највисок врв на бугарската територија - Билска Чука (1644 метри).

Според името на селото е именуван истоимениот ’рт Гега на Антарктикот.SCAR Composite Gazetteer of Antarctica: Gega Point.

Историjа

Се смета дека селото било основано од страна на мигранти од Беровско во почетокот на XIX век.Енциклопедия България, т. 2, стр. 34 Во 1870 година била изградена Црквата Успение (споменик на културата).

До 1947 година, селото било дел и центар на селото Игуменец, составенао од 12 планински маала во Огражден, последователно одделени како села. Во периодот 1946 - 1956 година жителите на соседството Воденици се населиле во Гега, кое тогаш било напуштено. Во 1959 година, кон селото биле присоединети населбите Долни Крај и Учкунци.

Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 672 Македонци под врховенството на Бугарската егзархија. Во селото имало едно основно училиште со еден учител и 24 ученици.Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905, рр. 186 – 187.

По избувнувањето на Балканските војни во 1912 година, пет лица од селото биле доброволци во Македонско-одринските доброволни чети.„Македоно-одринското опълчение 1912 – 1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 837

Население +Население на Гега по попис Година 1934 1946 1956 1965 1975 1985 1992 2001 2011 2015 Жители 691 779 874 760 732 519 508 344 238 247

+Население по возраст од 2011 година:

Општествени установи Читалиште „Гоце Делчев“ Основно училиште „Антон Попов“

Културни и природни знаменитости Куќа-музеј на Антон Попов Црква "Успение на Богородица" Параклис "воскресението Господово" Манастир "Св Ѓорѓи", (Чуриловски манастир) - Манастирот се наоѓа на 2 км. помеѓу Гега и село Чурилово.

Редовни настани 15 август - собор по повод Успение Богородично 6 мај - собор на манастирот "Св Ѓорѓи" на празникот Св Ѓорѓи 29 јуни - собор на манастирот "Св Ѓорѓи" на празникот Св.Апостоли Петар и Павле 20 јули - Курбан на параклисот "воскресението Господово" на празникот Свети Илија 8 септември - собор на манастирот "Св Ѓорѓи", на празникот Рождество Богородично

Личности Антон Попов (1915 - 1942) — македонски новинар, поет и функционер на БКП Благородна Божинова (1925 – 2000), општественик Златин Ангелски (околу 1837 – 1914), македонски деец Иван Николов, член на Македонско-одрински доброволни чети„Македоно-одринското опълчение 1912 – 1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 503 Иван Стојанов, член на Македонско-одрински доброволни чети„Македоно-одринското опълчение 1912 – 1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 670 Костадин Попов (Попстојанов) (околу 1850 – 1904), македонски револуционер, војвода на ВМОК Никола Иванов (? – 1913), член на Македонско-одрински доброволни чети„Македоно-одринското опълчение 1912 – 1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 293 Никола Попов (1889 – 1922), учител и револуционер Серафим Костадинов Попов, учител Серафим Рајчев, Стефан Попгеоргиев (1889 – исчезнал во октомври 1944), член на Македонско-одрински доброволни чети„Македоно-одринското опълчение 1912 – 1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 575 Георги Попстојанов (? – 1916), член на Македонско-одрински доброволни чети„Македоно-одринското опълчение 1912 – 1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 584

Наводи

Надворешни врски Слики од Гега

Категорија:Општина Петрич Категорија:Села во Пиринска Македонија