Долене — село во Петричко, Пиринска Македонија, денес во општината Петрич на Благоевградската област, југозападна Бугарија.

Географија и местоположба

Селото се наоѓа во планински реон, на јужните делови од планината Огражден, на 22 километри северозападно од градот Петрич. Западно од селото поминува реката Градешница. Атарот на селото зафаќа површина од 12.067 км2. Селото се наоѓа на надморска висина од 710 метри.

Историја Селото Долене има историја уште од античкиот период. Во околината на селото има остатоци од антички и средновековни населби.

Османлиско Царство

Селото Долене се споменува во отоманските даночни регистри од 1570 и 1665 година. Според првиот регистар, 2 муслимански и 12 христијански домаќинства живеат во селотоТурски документи за историјата на македонскиот народ. Опширни пописни дефтери од XVI век за Кустендилскиот санųак, Т.V/3, Скопје, 1982, стр. 555-556. Во периодот од 16 - 19 век, на селската територија се одржувал славниот Доленски саем - еден од најголемите саеми во европските граници на Отоманското ЦарствоПетър Петров. „Долянският панаир“, списание „Македонски преглед“, 1994, кн. 4, стр. 59-82. За панаѓурот, кој се одржувал секоја година и траел 40 дена, детални информации дал патописецот Евлија Челебија, кој го посетил селото во 1670 година. За селото, тој напишал:

Во 1873 година во селото била изградена црквата „Успение на Пресвета Богородица“, која претставува споменик од големо значење. Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Долене (Dolené) се состоело од 90 куќи и 325 Македонци.Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 148-149. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 600 жители, од кои сите биле Македонци.Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 187.

Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 736 Македонци под врховенството на Бугарската егзархија. Во селото имало едно основно училиште со еден учител и 17 ученициBrancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905, рр. 186-187..

По избувнувањето на Балканските војни во 1912 година, 34 жители од селото биле доброволци во Македонско-одринските доброволни чети„Македоно-одринското опълчение 1912 – 1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 843.

Бугарија По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Бугарија. До 1947 година Горчево е мала на поранешното село Игуменец.

Население +Население на Долене по попис Година 1934 1946 1956 1965 1975 1985 1992 2001 2011 2015 Жители 269 357 366 264 226 100 60 44 24 23

+Население по возраст од 2011 година:

Личности Иван Велков, македонски деец и револуционер

Наводи

Надворешни врски Опис на панаѓурот од страна на Евлија Челебија

Категорија:Општина Петрич Категорија:Села во Пиринска Македонија