Долна Крушица — село во Петричко, Пиринска Македонија, денес во општината Петрич на Благоевградската област, југозападна Бугарија.

Географија и местоположба Селото се наоѓа во планински реон, на 26 километри западно од градот Петрич на 5 километри северно од граничниот премин Златарево на јужните падини на Огражден, веднаш до границата со Македонија. Селото се наоѓа на 508 метри надморска височина. Атарот на селото зафаќа простор од 1459 км2. Тоа е едно од 55 села во општина Петрич. Од селото можете да уживате во прекрасниот панорамски поглед на планините Беласица и Огражден. Селото Гега се наоѓа во близина на Долна Крушица.

Во минатото, селото се состоело од две населби - Горна и Долна Крушица. Горна Крушица се наоѓала на 3 километри северно од сегашното село. Постепено Горна Крушица била напуштена. Делови од ѕидови од куќи денес сè уште можат да се видат таму.

Историја Османлиско Царство

Селото се споменува во османлиски дефтер од 1570 година со името Крушица. Во истата година, во селото живееле 1 муслиманско семејство и 78 христијански семејстваТурски документи за историјата на македонскиот народ. Опширни пописни дефтери од XVI век за Кустендилскиот санųак, Т.V/3, Скопје, 1982, стр. 571-573..

Во текот на 19 век, селото било чисто македонско село кое припаѓало на Петричката Каза. Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Крушица (Crouchitza) е наведен како село со 32 семејства и 112 МакедонциМакедония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 148-149..

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 100 жители, сите МакедонциКънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 187.. Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 96 Македонци под врховенството на Бугарската егзархијаBrancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 186-187..

По избувнувањето на Балканските војни во 1912 година, пет лица од Долна и Горна Крушица биле доброволци во Македонско-одринските доброволни чети„Македоно-одринското опълчение 1912 – 1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 855.

Бугарија

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Бугарија. Во 2010 година била осветена црквата Свети Димитар.

Население +Население на Долна Крушица по попис Година 1934 1946 1956 1965 1975 1985 1992 2001 2011 2015 Жители 212 269 376 434 413 367 298 235 194 177

+Население по возраст од 2011 година:

Личности Миладин Тренчев, член на Македонско-одрински доброволни чети„Македоно-одринското опълчение 1912 – 1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 733 Христо Тренчев, член на Македонско-одрински доброволни чети

Наводи

Категорија:Општина Петрич Категорија:Села во Пиринска Македонија