Сал Ага ()Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Βερζιανή - Μονόβρυση — село во Општина Довишта во Серскиот Округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.

Географија и местоположба

Селото се наоѓа на 13 километри југоисточно од градот Сер и на 12 километри југозападно од Довишта, на надморска височина од 14 метри.

Историја Отоманско Царство

Селото во текот на XIX век се наоѓало во Серската Каза во составот на Отоманското Царство. Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. селото се состоело од 68 муслимани и 70 РомиМакедония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 124-125.

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година, селото имало 60 Македонци и 50 РомиКънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 177.. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 40 македонски гркомани, 12 Власи и 252 РомиBrancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 200-201...

Грција

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година селото било евидентирано како напуштена населба, додека на пописот од 1920 година во селото биле евидентирани 58 жители.

Според Лозанскиот договор потпишан помеѓу Турција и Грција, во селото било населено грчко население од Турција додека муслиманското население ги напуштило своите домови.

Во 1930 година, селото било преименувано во Моновриси.

Демографија

Во 1928 година селото броело 300 жители, додека во 1940 година селото броело 418 жители. Селото според пописот од 1951 година броело 550 жители, на пописот од 1961 година во селото живееле 472 жители, во 1971 година имало 523 жители, во 1981 година имало 523 жители, додека во 1991 година имало 573 жители. Денеска, населението на селото е 566 жители според пописот од 2011 година.

Знаменитости Црква „Успение на Пресвета Богородица“ од 1985 г.

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Довишта