Аша Маала ()Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Αρμπατζίκ -- Ευρύπεδον — село во Општина Доксат во Драмски Округ, Егејска Македонија, денес во областа Источна Македонија и Тракија, Грција.

Географија и местоположба

Селото се наоѓа на 15 километри источно од градот Драма и на 8 километри јужно од Доксат.

Селото се наоѓа на надморска височина од 125 метри.

Историја Отоманско Царство

Селото во текот на XIX век се наоѓало во Драмската Каза во составот на Отоманското Царство.

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година биле евидентирани 377 жители

Според Лозанскиот договор потпишан помеѓу Турција и Грција, во селото било населено грчко население од Турција, додека муслиманското население ги напуштило своите домови.

Во 1927 година, селото било преименувано во Еврипедо.

Демографија

Во 1928 година во селото биле сместени 83 грчки семејства со 317 лица. Во 1928 година, бројот на населението бил 317 лица, додека во 1940 година селото броело 419 жители.

Селото според пописот од 1951 година броело 446 жители, на пописот од 1961 година во селото живееле 460 жители, во 1971 година имало 215 жители, во 1981 година имало 181 жител, додека во 1991 година имало 163 жители. Денеска, населението на селото е 135 жители според пописот од 2011 година.

Наводи

Категорија:Доксат