Арбен Таравари ( во Гостивар) — македонски лекар кој ја вршел функцијата министер за здравство од 2024 до 2025 година од редовите на АА. Тој бил поранешен градоначалник на Општина Гостивар.

Животопис Средно медицинско училиште завршил во СОУ „Панче Попоски“ во Гостивар, а дипломирал на Медицинскиот факултет при универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во 1998. Специјализирал неврологија во 2006, а во 2011 ја одбранил докторската дисертација од областа на Паркинсонова болест. Во 2010 година, започнал да биде редовен предавач на Медицинскиот факултет при Универзитетот Св. Кирил и Методиј. Во 2016 бил претседател на одделот на екстрапирамидални болести при универзитетската клиника за неврологија, а бил член на одборот на меѓународните медицински списанија „Mediicus“ и „Vox Medici“. Исто така бил раководител на одделението за мигрена, главоболки и други синдроми при Универзитетска клиника за неврологија. Таравари е оженет со Нора Таравари и е татко на две деца. Говори албански, македонски, турски, англиски, и српски јазик.Арбен Таравари – министер за здравство A1on.mk (01.06.2017)

На локалните избори во 2017 година Таравари станал градоначалник на Општина Гостивар, победувајќи го својот противкандидат од редовите на ДУИ, Невзат Бејта со што станува единствен градоначалник, кој е градоначалник двапти по ред. На 29 октомври 2021 година, за време на локалните избри, Арбен Таравари победил во вториот круг и станал старо нов градоначалник на Општина Гостивар. Тој ја претставувал коалицијата на Алијанса за Албанците и Алтернатива.

На претседателските избори во 2024 година, бил кандидат од Алијанса за Албанците и поддржан од Беса, Алтернатива и Демократско Движење, кој освоил 83.337 гласа или 9.46% од гласовите.

На 23 јуни 2024 година тој станал новиот министер за здравство во Кабинетот на Христијан Мицкоски од редовите на ВРЕДИ, каде бил сè до 15 мај 2025 година.

На 15 мај 2025 година Арбен Таравари по неговата одлука да настапува независно како АА на локалните избори ја напушти владата и премина во опозиција, заедно со заменик министрите за земјоделие и одбрана.

Книги „Мигрени, главоболки и болни синдроми“ (2016) „Практикум по неврологија“ (2014) „Клинички и генетски наоди кај болни со идиопатска Паркинсонова болест“, докторска дисертација (2011) „Клиничко-епидемиолошка студија на паркинсонизмот во Скопје“: магистерски труд (2006) „Фармако тераписки прирачник“ (2006)

Наводи

Надворешни врски Профил на Арбен Таравари на ДР-ДПА

Категорија:Живи луѓе Категорија:Политичари од Гостивар Категорија:Македонски лекари Категорија:Македонски Албанци Категорија:Југословенски Албанци Категорија:Влада на Република Македонија од 2017 Категорија:Министри за здравство на Република Македонија Категорија:Градоначалници на Општина Гостивар Категорија:Апсолвенти на Медицинскиот факултет - Скопје