Иринотеканот е лек кој се користи во третманот на рак на колон и ситноклеточен белодробен карцином. Во третманот на рак на дебело црево се користи или сам или во комбинација на флуороурацил. Во третманот на ситноклеточен белодробен карцином се користи заедно со цисплатин.

Чести несакани ефекти од употребата на лекот вклучуваат дијареа, повраќање, супресија на коскената срцевина, губиток на коса, губење на здив и треска. Други сериозни несакани ефекти вклучуваат појава на тромби, воспаление на колонот и алергиски реакции. Оние со две копии на генот UGT1A1*28 имаат поголем ризик за појава на несакани ефекти. Иринотеканот претставува топоизомераза-инхибитор. Делува преку блокирање на топоизомераза 1 што резултира со оштетување на ДНК и клеточна смрт.

Иринотеканот бил одобрен за медицинска употреба во САД во 1996.

Наводи

Категорија:Пролекови Категорија:Пиперидини Категорија:Лактами Категорија:Лактони Категорија:Карбамати Категорија:Неопходни лекови според Светската здравствена организација