Миле Станковски (, ) – македонски универзитетски професор на Факултетот за електротехника и информациски технологии.

Животопис Миле Станковски е роден во Клечевце, Кумановско во 1954 година. На Електротехничкиот факултет во Скопје, тој дипломирал во 1978 година, магистрирал во 1987, а докторирал во 1997 година. Дел од истражувањата за својата докторска дисертација завршил во Вулверхемптон, Обединетото Кралство. По завршувањето на факултетот, тој се вработил во ФЗЦ „11 Октомври” во Куманово. Во текот на осумнаесетгодишното индустриско работно искуство, тој поминал професионален развој до статус главен инженер, минувајќи низ неколку работни места, главно во службата за одржување. На Факултетот, тој бил вработен во 1997 година како асистент. Во 2000 година бил избран за доцент, во 2005 за вонреден професор, а во 20хх за редовен професор. Држи настава на поголем број предмети од областа автоматика и системско инженерство, како на додипломски така и на магистерски студии. Бил декан во мандатните периоди од 2008 до 2012 година и од 2012 до 2016 година.

Како автор или соавтор има објавено повеќе од 100 рецензирани научно-истражувачки трудови од кои дел во реномирани списанија. Автор е на глава од научната монографија „Control of Complex Systems“ во издание на Springer Ltd од Лондон. Автор е на еден универзитетски учебник. Учествувал во повеќе од 10 научно-истражувачки проекти, од кои на еден билатерален и еден домашен бил главен истражувач. Носител е на повеќе од 50 применувачки проекти. Области од интерес му се: сметачко управување на постапки, индустриско компјутерство, програмабилни логички управувачи, управување со водоснабдителни системи, SCADA системи, далечинско мерење и управување.

Наводи

Категорија:Македонски универзитетски професори Категорија:Македонски учебникари Категорија:Македонски декани Категорија:Професори на ФЕИТ Категорија:Декани на ФЕИТ