Брешко — село во Општина Старо Нагоричане, североисточна Македонија.

Географија и местоположба Селото се наоѓа во областа Козјачија, крај реката Петрошница. Се наоѓа во ридски предел на најзападните падини на планината Герман, на надморска височина од 600 м. Атарот е мошне мал, со површина од само

Историја

На крајот од XIX век Брешко било македонско село во Кумановската Каза на Отоманското Царство.

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г. Брешка (Брѣшка) имало 108 жители, Македонци христијани.

Целото население на селото потпаднало под врховенството на Бугарската егзархија. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Брежко имало 80 Македонци, сите под егзархијата.D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.126-127. Според бугарски извори, сите 12 куќи во селото во 1904 г. под притисок на српската пропаганда ја признале Цариградската патријаршија за своја црква.Георгиев, Величко, Стайко Трифонов, История на българите 1878 – 1944 в документи, том 1 1878 – 1912, част втора, стр. 299.

Стопанство Според податок од 1998 г. Брешко поседува 65,8 ха обработливо земјиште 70,6 ха пасишта и 5,4 ха шуми.

Население

Според пописот од 2002 година, во селото Брешко имало 16 жители, сите Македонци.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 8 жители, сите Македонци.

Родови Брешко е македонско село.

Родови во селото се:

Доселеници: Џамбасци (3 к.) доселени се од селото Аљинце. Таму биле тројца браќа, двајца останале во Алинце а третиот се иселил во Брешко; Копиљаци (3 к.) и Џакерци (3 к.) доселени се, но не знаат од каде.

Иселеништво Според истражувањата направени во XX век, родови со потекло од Брешко има во следниве населени места:

Руѓинце, Оп. Ст. Нагоричане: Брештанци (6 куќи) — забележано во 1971 г. Миладиновци, Оп. Илинден: Максимови (1 куќа), доселени во 1926 г. — забележано во 1953 г.Трифуноски, Ф. Јован. „Скопско поле“. Скопје, 1955,

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Села во Македонија Категорија:Кумановски села Категорија:Села во Општина Старо Нагоричане