Дејловце — село во Општина Старо Нагоричане, во областа Козјачија, во околината на градот Куманово.

Население

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 500 Македонци.

Според пописот од 2002 година, во селото Дејловце имало 44 жители, сите Македонци.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 27 жители, од кои 21 Македонец и 6 лица без податоци.

Родови

Дејловце е македонско село.

Според истражувањата од 1971 година родови во селото се:

Златановци (8 к.), Реканци (8 к.), Везуличанци (8 к.), Стојановци (7 к.), Брлошковци (6 к.), Лукарчанци (4 к.), Долно-маалци (4 к.), Ливаѓани (4 к.) и Гробиштанци (2 к.) постои предание дека сите родови потекнуваат од ист предок, само никој не знаел да каже дали се староседелци или доселеници со непознато потекло.

Личности Личности родени во Дејловце:

Талија Анчева — учесник во НОВ на Македонија Доста Ангеловска Зафирова — учесник во НОВ на Македонија Лена Ангеловска Донева — учесник во НОВ на Македонија Цвета Трајкова Давитковска — учесник во НОВ на Македонија Стојна Трајанова Димитриевска — учесник во НОВ на Македонија Ѓена Ангелова Додевска — учесник во НОВ на Македонија

Културни и природни знаменитости Археолошки наоѓалишта Лозја ― осамен наод од доцноантичкото време

Иселеништво Од Дејловце има голем број на иселеници. Некои се иселувале помеѓу двете светски војни, а некои потоа. Иселеници има во Скопје (околу 10 семејства), Куманово (7-8 семејства), Качарево, Јабука и Глогоњ (севкупно околу 10 семејства).

Иселеници исто така има и во Тромеѓа (Тасиќи, Величковиќи, Младеноски и Димитријески), Доброшане (Митрески, Небитници, Петрушевски, Милковци, Додевски и Радевски), Стрезовце (Живушка и Дејловчани), Канарево (Дејловчанци).

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Села во Македонија Категорија:Кумановски села Категорија:Села во Општина Старо Нагоричане