Длабочица — село во Општина Старо Нагоричане, во областа Козјачија, во околината на градот Куманово.

Население

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 350 Македонци.

Според пописот од 2002 година, во селото Длабочица имало 51 жител, сите Македонци.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 20 жители, од кои 10 Македонци, 1 Србин и 9 лица без податоци.

Родови

Длабочица е македонско село.

Според истражувањата од 1960 година, родови во селото се:

Доселеници: Дедо-Трајковци (10 к.), Димитровци (4 к.), Љубан (1 к.) и Ристинци (5 к.) првиот род е најстар во селото доселен во XVIII век. Сите наведени родови се доселени со непознато потекло; Крстинци (14 к.) доселени се од некое место во Велешко. Овде живеат од почетокот на XIX век; Филиповци (10 к.) доселени се од некое место источно од селото Длабочица.

Личности Личности родени во Длабочица:

Роска Александрова — учесник во НОВ на Македонија Јордана Васиљкова — учесник во НОВ на Македонија Милојка Каранфилова Јовчевска (1913-) — учесник во НОВ на Македонија Љубица Каранфиловска (1925-1970) — учесник во НОВ на Македонија

Културни и природни знаменитости Археолошки наоѓалишта Длабочица ― населба од средниот век

Иселеништво Од селото постои големо иселување. До 1958 година, 36 семејства од селото се имаат иселено во Србија, во Глогоњ и Качарево.

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Села во Македонија Категорија:Кумановски села Категорија:Села во Општина Старо Нагоричане